Relax Kids

Relax Kids работилници за деца и возрасни

Добредојдовте на волшебното место каде што сите можат да бидат она што се и каде што волшепствата никогаш не престануваат!

Место каде што сите деца се сакани, поддржани, сигурни и сфатени и каде што можат преку опуштање и игра да се забавуваат и учат на еден сосема поинаков начин.

Место каде родителите можат да уживаат гледајќи како нивните деца растат во позитивни и со самодоверба исполнети личности, сигурни во себе и исполнети со љубов и среќа во се’ што прават.

Relax Kids работилниците се состојат од седум чекори преку кои децата учат да се смират, опуштат и фокусираат. Работилниците вклучуваат танц и движење, глума и релаксација, истегнување, заемна масажа, дишење, афирмативни искази, свесно внимание и визуелизации.

RELAX KIDS ПРОГРАМИТЕ ИМ ПОМАГААТ НА ДЕЦАТА:

да ги совладаат основните техники на опуштање и смалување на стрес
секојдневно да користат техники за опуштање
да ја ценат предноста на опуштањето
да станат свесни за сопствените емоции и да научат техники кои ќе им помогнат да се справат со нив
да се забавуваат додека вежбаат и учат да се опуштат
да развијат свест за сопственото тело и просторот
да стекнат ментална и физичка кондиција
да научат вештини за подобра концентрација
да го подобрат своето однесување
да имаат подобра слика за себеси и поголемо самопочитување
да ги поправат своите резултати на училиште
сами себеси да се утешат, да станат поодлучни

ПРЕДНОСТИ НА RELAX KIDS ПРОГРАМИТЕ

НА ЕМОЦИИТЕ И ОДНЕСУВАЊЕТО:

смирува, стишува и создава бистар ум
ја зголемува концентрацијата
поттикнува позитивно размислување
ги смалува нивото на стрес и психичката тензија
го подобрува помнењето
ја поттикнува способноста за слушање
развива самодоверба и самопочит
ги подобрува емоционалното здравје и емоционалната писменост
ја развива фантазијата, креативноста и го поттикнува доброто самоизразување
на децата им укажува на можноста како да излезат на крај со ситуациите кога се под стрес и се вознемирени

НА ТЕЛОТО:

се развива свеста за телото
се зголемува флексибилноста
се намалува физичката напнатост
се поттикнува лачење на ендорфин
се зголемува енергијата
поволно делува на мускулното опуштање
промовира здрав живот
има смирувачко дејство на нервниот систем
поттикнува координација и рамнотежа
влијае на подобрување на сонот
ја подобрува циркулацијата и го подигнува нивото на енергија
го подобрува имунитетот

ПРИЈАВУВАЊЕ и детални информации за содржината на работилниците на raduvajse@gmail.com.

flowers& plants(11)

flowers& plants(12)

flowers& plants(13)

деца

деца