Медитација

Mедитација “Peace is just a thought away” (“Помисли мир – и ќе имаш мир”)

“Растете со благодарност” онлајн медитација со вежби за дишење

Благодарност е да го видиме она што е тука – наместо да се фокусираме на она што го нема. Практикувањето на благодарност ни помага да се поврземе со нашето срце и да препознаеме дека, во суштина, светот е љубезен кон нас. Во оваа медитација препознаваме и им се заблагодаруваме на сите и на сѐ што придонело да бидеме тука каде што сме во моментов.

За да присуствувате на овој час не е потребно претходно искуство со медитација и вежби за дишење. Добредојдени сте сите кои сакате да внесете опуштеност, мир и радост во вашето секојдневие! 

Даровите на балансот”, онлајн медитација со вежби за дишење

Да се ​​вратиме кон интимноста на овој момент – прославувајќи го дарот на рамнотежата токму овде. Во својот природен тек животот се изразува слободно, без двоумења и маани, без некогаш да се пропушти ритамот на случувањата.

Со самото набљудување и сведочење на овој природен танц може да сфатите дека сте дел од него, исто како што сте без напор присутни во овој момент, совршен како вашето несовршено јас…

Дојди до својата внатрешна тишина и смиреност”, онлајн медитација со вежби за дишење 

Во оваа медитација полека ќе се смириме доаѓајќи до нашата внатрешна тишина. Со релаксирање на внатрешните импулси и контракции (и психички и физички) можеме да дојдеме до длабок одмор и релаксација. 

“Ослободување на телото од старите верувања”, онлајн медитација со вежби за дишење 

Како ќе се чувствува нашето тело кога повеќе нема да се “држиме” за старите верувања? Развивањето на свесност за нашите мисли и убедувања – како и нивно отпуштање – може да биде неверојатно ослободувачко искуство.