Љубов кон Себе – Љубов кон Другите

УбавинаЧестопати не знаеме да се сакаме себеси. Не знаеме кои акции е потребно да ги преземеме како би можеле да кажеме дека се сакаме себе. Најчесто знаеме што им е потребно на нашите најблиски за да се чувствуваат сакани, но кога станува збор за нас…

Сепак, љубовта кон другите е диригирана од љубовта која самите си ја даваме.

Многу е едноставно: не можеме да им дадеме на другите нешто кое го немаме, не можеме да дадеме љубов на другите доколку не знаеме да ја негуваме љубовта кон себе. Не можеме да посветиме внимание некому доколку не посветуваме доволно внимание на себе.

Квалитетната врска со себе е предуслов за квалитетни односи со другите.

Познавањето на сопствените граници и потреби е можеби едно од поважните сознанија кое секој од нас е потребно да го спознае.

Подолу ќе прочитате за неколку активности кои, доколку произлегуваат од Вашето срце, ќе направат да се чувствувате исполнети, задоволни и сакани:

+ Слушнете ги сопствените чувства – поврзете се со Вашите чувства и именувајте ги. Запрашајте се: “Што јас чувствувам во овој момент?”

+ Сочувствувајте со своите емоции – не судете за она што го чувствувате, не се прекорувајте и не се отфрлајте заради она што го чувствувате. Бидете нежни и трпеливи со себе. Дозволете си да ги прифатите чувствата кои се во Вас. Кажете си дека е во ред да имате и непријатни чувства.

+ Обидете се да разберете што Вашите чувства сакаат да Ви соопштат – бидете заинтересирани за Вашите чувства, за она што тие сакаат да Ви го соопштат. Запрашајте се: “Зошто се чувствувам вака?, Која е причината?” Чувствата секогаш Ви даваат информација за нешто: или Вие не сте добри самите со себе, или некој надворешен фактор/ситуација не се најдобри за Вас.

+ Одберете да бидете опкружени со конструктивни и позитивни луѓе – едноставно бидете со луѓе кои Ве поддржуваат, Ве разбираат, прават да се чувствувате убаво и сигурно во Вашата кожа.

+ Грижете се за Вашето тело, Вашето време, Вашиот простор и Вашите финансии – хранете се здраво, вежбајте, спијте. Добро организирајте ги Вашето време и Вашиот животен и работен простор. Мудро постапувајте со вашите финансии.

+ Работете го она што го сакате v Сакајте ја својата работа – побарајте или креирајте работа која ќе Ве исполнува. Работата ни го исполнува денот, а работата која ја сакаме ни го исполнува животот.

+ Креирајте баланс – помеѓу секојдневната рутина и играта, помеѓу обврските и слободното време, помеѓу работата и одморот.

Преку потребата да бидеме сакани од  другите, а самите ние да не се сакаме, остануваме во полето на незадоволството, неприфатеноста, отфрленоста. Единствено кога ќе преземеме потполна одговорност за самите себе од емоционален, физички, финансиски, духовен и организациски аспект ќе се чувствуваме сакани, целосни и задоволни – од себе и од другите.

Споделувањето љубов е најисполнувачкото искуство што може да се доживее. Но најпрво, потребно е да бидеме исполнети со љубов за да можеме да имаме љубов за споделување.

Сакајќи се себеси – се исполнуваме со љубов!

 

 {photo: conniechapman.com}

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s