Програми за деца

МАЛИ ЅВЕЗДИЧКИ (ВОЗРАСТ, 3-5 ГОДИНИ)

Го покануваме вашето дете да ни се придружи на нашите шарени авантури кои се одржуваат еднаш неделно. Пееме песни, играме игри, се протегнуваме и релаксираме слушајќи инспиративни и поучни приказни.

Вашето дете ќе има многу забава додека е вклучено во активности кои ќе го поддржат неговиот говорен, физички и емоционален развој.

Часовите “Мали ѕвездички” се интерактивни. Можете да ни се придружите на часовите и да се поврзете со вашето дете додека истражува, пее, игра и се релаксира.

Повеќе информации за Little Stars часовите на raduvajse@gmail.com

МАГИЧНИ АВАНТУРИ (ВОЗРАСТ, 5-9 ГОДИНИ)

Придружете ни се на нашите магични, креативни и забавни часови специјално дизајнирани да му помогнат на вашето дете да станете поотпорно, посмирено и самоуверено.

Relax Kids магичните авантури се забавни и креативни и им помагаат на децата да станат отпорни и да ги подобрат своите емоции. На дечињата уште од мали нозе им даваме кутија полна со алатки за релаксација и ги поттикнуваме да пораснат во единки со добро ментално здравје.

Часовите обично се одржуваат во период од 6 недели и во тој период обработуваме одредена тема. Темите на нашите часови вклучуваат: суперхерои, пирати и сирени, генијални џинови, извонредни земји, моќни чудовишта, меѓугалактички авантури, бајки, детективи како и камп за самодоверба.

Секоја недела вашето дете ќе оди во сосема нова авантура за учење вредни вештини додека ја развива својата имагинација.

Повеќе информации за Magical Adventures часовите на raduvajse@gmail.com