МЕД – Вршење на Минимална Ефективна Доза

На различни интернет портали и на различни социјални мрежи често гледам пораки кои нè туркаат кон секојдневни интензивни тренинзи или строги диети за да ги постигнеме нашите здравствени цели.

Но, моето јога патување ме поттикна да прифатам поедноставна, поодржлива филозофија:

Вршење на Минимална Ефективна Доза (МЕД).

Овој начин на вежбање (исхрана, престој во природа, изложеност на сонце…) ме научи дека патот до благосостојбата не мора секогаш да биде екстремен. Понекогаш, помалку навистина е повеќе.

Во минатото се движев во крајности, посебно кога станува збор за практикување јога.

Иако овие напори донесоа привремени придобивки, ме оставија исцрпена и исклучена од радоста на самото јога патување.

Тоа беше циклус на сè или ништо, додека сè не стана премногу, а јас се видов себеси како целосно се движам кон назад.

Потоа, ја прифатив убавината на МЕД.

Научив да се прашувам,
„Што е најмалку што можам да направам за да ја постигнам промената што ја посакувам?”

Ова прашање не се роди од мрзеливост, туку од желба за рамнотежа и одржливост.

Без разлика дали станува збор за десет минути јога наутро или избирање да пешачам наместо да возам автомобил, секоја мала одлука изгради пољубезен, поодржлив пат кон напред.

Овој пристап ме научи на трпение, ми покажа благост и милост и ме потсети дека растот повеќе доаѓа од доследноста на самата јога практика отколку од самиот интензитет.

Со прилагодување на животните ритми и согледување кога нешто е доволно, најдов одржлива практика која го подобрува секој ден без да го преоптоварува.

Значи, ако се чувствувате обземени од притисокот да направите повеќе, размислете и обидете се да направите доволно.

Можеби ова е тајната не само да го постигнете, туку и да уживате во вашето велнес патување.

Со љубов,
Каролина