ИКИГАИ (IKIGAI) – Јапонска филозофија на животната смисла

Што му дава смисла на твојот живот? Што те исполнува, инспирира и ти дава причина со радост да го започнеш секој нов ден?

Икигаи е јапонски концепт кој во слободен превод значи „причина да се живее“. Тој ја претставува поврзаноста меѓу животната смисла, радоста, личните вредности и чувството на исполнетост.

Икигаи нè поттикнува подобро да се запознаеме себеси, да ги откриеме своите таленти, интереси и способности и да препознаеме што навистина ни е важно.

Четирите основни елементи на Икигаи

Икигаи се истражува преку четири меѓусебно поврзани области:

1. Она што го САКАШ – страст (passion)

Активностите што те радуваат, инспирираат и ти даваат енергија;

2. Она во што си ДОБАР/ДОБРА – способности (vocation)

Твоите таленти, знаења, вештини и лични квалитети;

3. Она што МУ Е ПОТРЕБНО НА СВЕТОТ – мисија (mission)

Начинот на кој можеш да придонесеш, да помогнеш и да направиш позитивна промена;

4. Она ЗА ШТО МОЖЕШ ДА БИДЕШ ПЛАТЕН/А – професија (profession)

Можноста своите интереси, знаења и способности да ги претвориш во професионална реализација;

Кои се придобивките од Икигаи?

Откривањето на сопствениот Икигаи може да придонесе за:

  • поголема животна радост и задоволство;
  • изразено чувство на смисла и исполнетост;
  • поголема мотивација и самодоверба;
  • намалување на стресот и поголема внатрешна рамнотежа;
  • личен развој и подобро запознавање на себеси;
  • поголема поврзаност со другите и со светот околу нас;

Како да го откриеш својот Икигаи?

Одвој време за себе и размисли за сето она што те исполнува. Истражувај ги своите интереси, препознај ги своите способности, поставувај си нови цели и биди отворен/а за нови искуства.

Не брзај со одговорите. Дозволи си да учиш, да се менуваш и да откриваш нови можности.

Икигаи не е крајна дестинација, Икигаи е постојан процес на самоспознавање и пронаоѓање смисла во нашето секојдневие.

Зашто животот не е само она што го постигнуваме, туку и она што го сакаме, го негуваме и го доживуваме со радост.

✨ IKIGAI – ПРОНАЈДИ ГО СВОЈОТ ПРАВЕЦ

Што ти дава смисла? Што те исполнува? Во која насока сакаш да се движиш?

Понекогаш потребно ни е да застанеме, да се оддалечиме од секојдневните обврски и очекувања и да си дадеме простор за вистинските прашања.

Те покануваме на интерактивна работилница инспирирана од јапонскиот концепт Ikigai – истражување на личната смисла, сопствените вредности, интереси и потенцијали.

Преку филозофски размислувања, водена саморефлексија и практични вежби ќе имаш можност:

🌸 да препознаеш што навистина ти е  важно;
🌸 да ги откриеш сопствените интереси и способности;
🌸 да размислиш за личната или професионалната насока;
🌸 да создадеш сопствен план за следните чекори.

Не мора да ги имаш сите одговори. Доволно е да бидеш подготвен/а да ги поставиш вистинските прашања.

📅 Датум: 28 ноември 2026 (сабота)
🕙 Време: 10:00-13:00 часот
📍 Локација: Радувај се! Lifestyle, ул. Загребска 28б, лок. бр. 9, населба Капиштец, Скопје (постои и можност за онлајн приклучување преку платформата Teams)
⏳ Времетраење: 3 часа
📁 Формат: Интерактивна групна работилница
👥 Број на учесници: 8-10

✨ Цена за учество: 1.300 денари.

Уплатата се врши најдоцна четири дена пред одржувањето на работилницата.

🌸 Водител: Каролина Јакимовска
Основач на “Радувај се! Lifestyle” и креатор на холистички велнес концепти, магистер по филозофски науки и дипломиран професор по филозофија и етика.

☎️ Информации и пријавување:
raduvajse@gmail.com или преку порака во инбокс на Instagram/Facebook.

Со љубов,
Радувај се! Lifestyle

Personal Growth • Wellbeing • Mindful Living 🩷

#Ikigai #PersonalGrowth #MindfulLiving #RejoiceLifestyle

~ Радувај се! Lifestyle