Радувај се! индивидуалните сесии претставуваат комбинација на холистички коучинг, практична филозофија и етика, Points of You, NLP и Relax Kids методологија, како и методологии за свесно движење, дишење и ментална благосостојба.
Сесиите се одржуваат онлајн и траат 60 минути (2 000,00 ден/60 мин).
Доколку сакате да внесете позитивни промени во својот живот, да се запознаете подобро себеси и да ги развивате своите потенцијали, индивидуалните сесии на Радувај се! можат да бидат вредна поддршка на Вашиот личен пат на развој.
Теми на кои работиме во текот на индивидуалните сесии:
• Личен раст и развој
• Самодоверба, самопочит и љубов кон себе
• Внатрешен мир, опуштање и емоционална рамнотежа
• Радост, среќа и лична благосостојба
• Поставување цели и лична и професионална реализација
• Партнерски и семејни односи
• Лични вредности, мотивација и животна насока
• Здрави животни навики и квалитет на живот
Темите се избираат индивидуално, во согласност со Вашите потреби, интереси и цели.

* Важна напомена
Техниките и методите кои се користат во Радувај се! се наменети за личен развој и благосостојба и не претставуваат замена за лекарски совет или медицински третман. При здравствени тегоби, консултирајте се со лекар
Закажете ја Вашата сесија на raduvajse@gmail.com или со пополнување на контактната форма подолу