СакамЈога

СакамЈога е основана во 2006 година.

Групните часови по хата јога се дел од редовната програма уште од нејзините почетоци, а од 2015 година во нејзината програма се вклучени и правците јин јога и office јога.

СакамЈога е дел од едукативниот центар Радувај се!.

Групни онлајн часови по хата, јин и office јога

Хата јога

Хата јога е физичка јога во која се учат асани или телесни положби кои ги дисциплинираат умот и телото. Ха значи сонце и ја претставува машката енергија, а та значи месечина и ја претставува женската енергија. Секоја личност, независно на кој пол припаѓа, во себе ги носи двете енергии, и машката и женската. Хата јога нè учи како да ги доведеме до баланс овие две енергии со цел постигнување на хармонија со себе и со сè што нè опкружува.

Во асаните се задржуваме одредено време за да го зацврстиме телото и да ја подигнеме неговата целокупна енергија. Постојат седум енергетски центри во нашето тело и потребно е тие да се ослободат како би можела енергијата непречено да тече низ целиот систем. Свиткувањата и истегнувањата во асаните ги стимулираат сите нерви и органи во телото и ги ослободуваат енергетските центри.

Правилното дишење во текот на изведувањето на асаните е важен дел од хата јога. Со пранајама (техники на дишење) се зголемува капацитетот на белите дробови, се балансираат машката и женската енергија во телото и воопшто, се зголемува нивото на енергија во целиот систем.

СакамЈога часовите се комбинација од физички вежби (асани), вежби за дишење (пранајама) и техники за опуштање. Телесната и психичката опуштеност овозможуваат правилно изведување на јога вежбите. Единствено во тие моменти на опуштеност можат да се почувствуваат вистинските ефекти од асаните.

Јин јога

Јин јога претставува медитативен тип на јога каде што главен акцент е ставен врз истегнување на сврзнoтo ткивo, тетивите и лигаментите. Задржувањето во асаните трае од три до пет минути, при што се постигнува длабок внатрешен мир и опуштеност.

Office јога

Канцелариската јога е стил на јога дизајнирана да се практикува додека работите во канцеларија. Office јога асаните имаат за цел да ги ублажат вообичаените проблеми што луѓето ги доживуваат од седењето на столче цел ден вклучувајќи лошо држење на телото, вкочанет врат, болки во грбот и вкочанети колкови.

СакамЈога часовите претставуваат комбинација на хата, јин и office јога.

 

 

“Јогата е како музика: ритамот на телото, мелодијата на умот и хармонијата на душата ја креираат симфонијата на животот.”

ЗОШТО ДА ВЕЖБАТЕ ЈОГА? (кликнете на текстовите)

ПРЕПОРАКИ ЗА “САКАМЈОГА” ЧАС ВО СТУДИО

  • Во просторијата каде што се вежба јога се влегува без обувки.
  • Атмосферата во јога студиото треба да биде смирена и опуштена. Внесете позитивна енергија во просторијата каде што вежбате.
  • Бидете свесни за личноста којашто вежба до Вас.
  • Избегнувајте користење на парфеми за време на јога часовите.
  • Ако сте бремени, известете го инструкторот.
  • Исклучете ги мобилните телефони.
  • Носете удобна, лесна облека.
  • Вежбајте на празен стомак. Последниот оброк нека Ви биде три часа пред започнувањето со вежбање.
  • Бидете присутни во просториите каде што се вежба јога десетина минути пред започнување на часот.
  • Доколку имате здравствени проблеми известете го јога инструкторот.

(јога вежбите не претставуваат замена за лекарски совет/третман. Доколку имате здравствен проблем задолжително консултирајте се со матичен лекар пред да започнете со вежбање јога)

САКАМЈОГА ИМПРЕСИИ (повеќе)

САКАМЈОГА ГАЛЕРИЈА (повеќе)

 

 

ЛОКАЦИЈА:

ОНЛАЈН ЧАСОВИ, SKYPE ПЛАТФОРМА

секој вторник и четврток, 19:00 – 20:15 часот

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ И ПРИЈАВУВАЊЕ на raduvajse@gmail.com или со пополнување на контактната форма (Ве молиме наведете ја точната програма за која се пријавувате)