Енергија 101: Грижа за себе во предизвикувачки времиња
(разговори и вежби за зајакнување и конструктивно користење на вашата енергија)
Во време на големи турбуленции кога можеме да доживееме огромни бранови на емоции, станува уште поважно да можеме да се грижиме за себе и за другите на најљубезен начин.
На оваа работилница ќе ги истражуваме општите принципи на енергијата и како тие влијаат врз нас глобално и колективно. Ова знаење ќе го продлабочи вашето разбирање на овие принципи со цел да можете да го користите на практичен и корисен начин во вашиот секојдневен живот.
Крајната цел на оваа наша средба е да создадеме малку повеќе заземјување, смиреност, рамнотежа, леснотија и сочувство во нас и околу нас. ❤️
Со радост ве очекувам,
Каролина Јакимовска, основач на Радувај се! Lifestyle, креатор на холистички велнес концепти, м-р на филозофски науки, дипл. проф. по филозофија и етика
raduvajse@gmail.com | raduvajse.com


