
Пред да заспиете вечерва потсетете се на сите кои Ви помогнаа денеска.
Замислете ги ликовите на тие луѓе и заблагодарете им се за нивната поддршка или за предизвикот што Ви го понудија, за нивната љубезност или пак за нивната непријатност; или едноставно заблагодарете се за нивното присуство во Вашиот живот.
Продолжете така сè додека не почувствувате искрена благодарност за денот што изминал, сè додека двете страни перфектно не се избалансираат и станат љубов.
Заспивањето со благодарно, отворено срце е многу моќна оздравувачка практика.
Вашите соништа ќе станат инспиративни, а наутро ќе се разбудите со леснотија во умот и телото.
~Dr. John Demartini