Дали сте приметиле колку се ретки во текот на денот моментите на мир – кога не мораме ништо, не брзаме никаде, никој не ни поставува прашања и единствените за кои сме одговорни сме самите ние? Паузата е запоставен, а многу важен дел од нашата животна сложувалка. Таа ни помага да ги ставиме во перспектива случувањата во нас и околу нас, како и да се оттргнеме од сè непотребно кое го заматува нашиот фокус.
Потребно е да направиме пауза за да можеме да уживаме во животот и квалитетно да го поминеме времето со семејството и со пријателите. Ако себеси си ја скратиме паузата која ни овозможува да ја осетиме радоста на животот, љубовта и блискоста со драгите особи, зошто тогаш сите напори? Пауза можеме да направиме во различни ситуации. Во работата потребно е да ја правиме често за да не ни се случи синдромот на прегорување. Важно е да се препознае дека паузата во некои моменти е неопходна.
Оддишката пред да се започне со нешто ново, пред да се зачекори во непознато, можност е, на ниво на чувствата, да провериме дали сме донеле вистинска одлука. Тоа е како момент на потполна смиреност во кој сме го оптегнале лакот до максимум, но сè уште не сме нанишаниле со стрелата кон саканата цел. Оддишката при пауза ни помага подобро да се концентрираме и да станеме потполно сигурни во она што го правиме.
“Вистинскиот збор може да биде делотворен, но не постојат тие зборови кои би биле толку делотворни како пауза направена во вистински момент.” ~Марк Твен
извор: Sensa(rs), avgust 2018, превод: Радувај се!