Навистина треба да го пробате ова…
Дали некогаш сте слушнале за терминот „шинрин-јоку“? Тоа значи „впивање на природата“ или „шумско капење“. Терминот потекнува од Јапонија уште од осумдесеттите и стана основа на превентивната здравствена заштита и лекување во јапонската медицина.
Идејата зад шинрин-јоку е едноставна: ако некој едноставно ја прифати и ја цени природата во/со опуштена состојба на умот, ќе се постигнат смирувачки, подмладувачки и ресторативни придобивки.
Има дури и научен доказ дека „шумското капење“ е корисно за вашето здравје, од намален стрес, подобрено расположение, зголемување на нивото на енергија и подобрување на спиењето.
Без разлика кој сте, маж или жена, возрасен или дете, шинрин-јоку навистина ќе биде од корист за вашата среќа и благосостојба.
Стапувањето во контакт со природата е нешто на кое сите треба да се обидеме да посветиме повеќе време. Понекогаш притисокот од работата или училиштето може да нè попречат да го правиме тоа, но апсорпцијата на природата навистина не е толку тешка колку што мислите дека може да биде.
Одете на прошетка за време на викендот или навечер. Почувствувајте го крцкањето на земјата под вашите нозе, слушајте како птиците црцорат и восхитувајте се на прекрасните бои на природата.
Дури и ако не можете да стигнете до тивок, живописен амбиент, можете да поминете време во вашата градина. Засадете зеленчук или само вдишете свеж воздух.
Важно е децата да се извлечат надвор колку што е можно повеќе, да се стимулира нивниот мозок подалеку од сите технолошки одвлекувања со кои се соочуваат во денешниот свет. Обидете се и поттикнете ги да ги забележат малите нешта во природата, како што се формите на листот, насоката во која тече потокот или звуците што можат да ги слушнат.
Да стапите во контакт со природата е поважно отколку што мислите, и не можеме доволно да ве поттикнеме да се стопите со неа колку што можете повеќе.
~ Marneta Viegas, основач на Relax Kids