


Јога на работното место, попозната како “office јога”, е исклучително ефикасен метод за создавање успешен тим. Во текот на работното време, неопходно е да се направи кратка пауза во која вежбањето јога им помага на вработените да се ослободат од стресот, да се освежат и да ја обноват својата енергија, а со тоа да станат попродуктивни. Се зголемува концентрацијата, креативноста, јасноста во одлучувањето, се зајакнува имунитетот, а се намалуваат напнатоста, болките во вратот и грбот, главоболката, анксиозноста и времето поминато на боледување.
СакамЈога го базира својот концепт на вежби на искуства во работа со компании каде што мнозинството вработени поминуваат повеќе од шест часа во седечка положба, најчесто на компјутер.
Стресот и долготрајното седење го намалуваат квалитетот на животот, концентрацијата и продуктивноста во работата. Јогата и медитацијата се нарекуваат уште и „кофеинот на 21 век“. Многубројни истражувања покажуваат дека компаниите кои вовеле медитација и јога на стол имаат зголемена продуктивност на вработените, како и помалку боледувања.
Некои од светските компании кои ја имаат воведено канцелариската јога се: Google, Apple, Nike, Adidas, како и многу други… Овој светски тренд доаѓа и кај нас и сѐ почесто го забележуваме интересот на компаниите за воведување на јога на столче за своите вработени.
Поучени од нашето искуство, дизајниравме систем на вежби за јога на стол кој не отстапува од суштината на јога асаните, единствено асаните/позициите се приспособени за вежбање во канцелариски простор, во текот на работното време.
Каде се практикува канцелариска јога?
Вежбите се одвиваат во заеднички простор (канцеларија за состаноци, соба за релаксирање, конференциска сала и сл.), часот трае во просек половина час и не се потребни дополнителни реквизити. Потребни се само столчиња на кои практикантите ќе седат за време на часот.
Како да вежбате канцелариска јога?
Вработените вежбаат канцелариска јога облечени според кодексот на облекување на компанијата во која се наоѓаат.
Канцелариската јога може дополнително да се прилагоди на условите на компанијата и желбите на вработените.
Во текот на половина час одвоен за канцелариска јога се вклучени сите мускули на телото. Посебно внимание се посветува на мускулите на главата, вратот и рамењата. Во текот на седењето овие мускули се собираат и се напрегаат и потребно е да се опуштат за да не се предизвикаат пореметувања во телото.
По вежбањето се прави кратка водена медитација која резултира со ослободување од стресот и дополнително опуштање на телото. Медитацијата обично е придружена со визуелизација која ја враќа енергијата и мотивацијата за понатамошна работа.
Часовите може да бидат тематски
Канцелариските јога вежби можат да бидат тематски по природа, како што е хормоналната јога (која благотворно делува на регулирање на хормоните), реики јога (зголемен проток на позитивна енергија преку вежбањето) и слично.
Придобивки од практикување јога во канцеларија
Го ослободува стресот – стресните ситуации доведуваат до лачење на стрес хормони при што се предизвикуваат спазми кои може да се елиминираат со разни јога асани.
Ја враќа енергијата – јога позициите влијаат на сите мускули во телото, со што се зголемува циркулацијата на крвта и се отстрануваат енергетските блокади, се забрзува протокот на енергија и се зголемува целокупната енергија во организмот.
Ја намалува болката и делува превентивно врз здравјето – истражувањата покажуваат дека редовното практикување јога на стол ја намалува болката во вратот и грбот, го намалува крвниот притисок и делува превентивно во однос на повеќе хронични заболувања.
Правилно дишење – јогата нè учи да дишеме правилно. Лесното и длабоко дишење го подобрува капацитетот на белите дробови, го зголемува протокот на кислород, ја зголемува концентрацијата и продуктивноста на работното место.
Ја подобрува координацијата, брзината на реакција и меморијата.
Ги намалува депресијата и анксиозноста.
Го зајакнува имунолошкиот систем.
Поволно делува на сонот, го опушта телото и ја намалува несоницата (вработените често изјавуваат како подобро спиеле и повеќе се одмориле во текот на ноќта, а следниот работен ден биле попродуктивни).
Го зголемува чувството на заедништво, мотивацијата на вработените и дава причина за дружење (често гледаме дека се создава позитивна енергија за време на вежбањето придружено со смеа и шеги).
Грижете се за здравјето на вашите вработени навреме, воведувајќи превентивни методи како јога и медитација.
Подобрете ја енергијата во тимот, бидејќи само хармоничен, здрав, позитивен и весел тим е победнички тим!
* Детали на понудата:
Локација:
Во просториите на вашата компанија или во просториите на центарот за личен развој Радувај се! Lifestyle на ул: Загребска 28б, населба Капиштец
Траење:
Двапати неделно; часовите можат да бидат со траење од половина до еден час
Цена:
Контактирајте нè за понуда прилагодена на бројот на вработени во вашата фирма на: 075 782 071
Повеќе за корпоративна јога можете да прочитате на:
www.raduvajse.com/officeyoga, а понудите можете да ни ги испраќате на: raduvajse@gmail.com