Релаксирајте се со јога

Relaxation1Се’ повеќе се зборува за јога и се’ повеќе се зборува за релаксација. Она што останува помеѓу зборовите се времето кое треба да се издвои за да се вежба оваа древна дисциплина, како и расеаноста и душевниот немир кои стануваат дел од модерното живеење.

Во забрзаното и со стрес исполнето секојдневие воопшто не лесно да се “успори” и да се направи пауза.

А јогата е тука – таа била, и ќе биде.

Секојдневниот стрес може да се манифестира на најразлични начини, како на емотивното, така и на физичкото здравје. Со практикување јога можат да се избегнат неговите негативни манифестации. Всушност, јогата го намалува притисокот кој се создава благодарение на преорганизираниот и неприроден начин на живеење.

Преку едноставните техники на дишење и концентрација умот доаѓа во една природна состојба на баланс и невознемиреност. Кога умот е флексибилен и опуштен, тогаш и телото лесно се опушта и се релаксира – и обратно – кога телото е ослободено од тензија и згрченост, тогаш и умот полесно доаѓа во состојба на смиреност.

А најубавото нешто поврзано со јога вежбите е во можноста секој да ги практикува.

Како за сите други квалитетни нешта во животот така и за јога вежбите потребни се време (издвоено време за вежбање) одреден физички напор (да се стигне до местото кадешто се вежба :)) и  константност во вежбањето.

А за вежбање јога секогаш може да се најде и да се одвои време.

Јога филозофијата е многу важен, составен дел од животите на многу луѓе низ целиот свет. Нејзината моќ во подобрувањето на животот е докажувана и покажувана.

И, меѓу другото, практикувањето јога е еден од најпрекрасните начини да се стапи во контакт со позитивната животна сила која се наоѓа во секој од нас.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *