Креирање на здрава рутина на спиење – „Се враќаме на училиште смирени и со самодоверба“

🌟 Креирање на здрава рутина на спиење – „Се враќаме на училиште смирени и со самодоверба“

💜 Девет совети како да го вратите вашето дете на вистинскиот пат на одмореност и релаксација

🌟 Враќањето на рутината на рано легнување може да биде тешко за семејството после летните, доцни ноќи и забава!

💜 Обидете се со следниве идеи:

🔶️ Поместувајте го времето за спиење за околу 15-20 минути секој ден додека не го достигнете редовното време за спиење на вашето дете.

🔶️ Ограничете го времето поминато на екран најмалку еден час пред спиење и започнете со смирувачки активности 30 минути пред спиење.

🔶️ Затемнете ги светлата колку што е можно повеќе за да ги поттикнете децата да се чувствуваат поспани.

🔶️ Направете рутина која вклучува топли бањи, смирувачки пијалоци и приказни и обидете се да се држите до истата рутина секоја вечер. Ако е можно, исклучете ги сите светла од електронските уреди, па дури и ноќните светла кои може да го попречат детскиот сон.

🔶️ Пуштете релаксирачка или класична, тивка музика.

🔶️ Направете му на вашето дете релаксирачка масажа. Масажата на стапалата и челото и грбот се совршени за да ги смирите и опуштите децата. Не грижете се за “правилно изведување” на вашата техника – се’ додека се чувствува добро детето, таа е исправна.

🔶️ Некои јога истегнувања, како што се едноставни свиткувања напред (од седечка позиција), го поттикнуваат телото да се опушти.

🔶️ Легнете со вашето дете, ставете ги рацете на стомакот и забележете ги вашите вдишувања и издишувања – нека дишењето стане бавно и продлабочено.

🔶️ Читајте му релаксирачка визуелизација на вашето дете.

~ Relax Kids

#RainbowRelaxKidsSkopje #BackToSchool #ЧасовиЗаДецаиВозрасни #МенталнотоЗдравјееВажно #ЕтикаЗаДеца #БонтонЗаДеца #ЕмоционалнаИнтелигенција #Дружење #ЗабавниИгри #ФизичкиВежби #ВежбиЗаДишење #Релаксација #Имагинација #Глума #Масажа #ПозитивниЗборови #Љубезност #Радост #Среќа #Задоволство #Мир