Енергија 101: Грижа за себе во предизвикувачки времиња

Енергија 101: Грижа за себе во предизвикувачки времиња
(разговори и медитации за заштита, зајакнување и конструктивно користење на вашата енергија)

Во време на големи турбуленции кога можеме да доживееме огромни бранови на емоции, станува уште поважно да можеме да се грижиме за себе и за другите на најљубезен начин.

На оваа работилница ќе ги истражуваме општите принципи на енергијата и како тие влијаат врз нас глобално и колективно. Ова знаење ќе го продлабочи вашето разбирање на овие принципи со цел да можете да го користите на практичен и корисен начин во вашиот секојдневен живот.

Крајната цел на оваа наша средба е да создадеме малку повеќе заземјување, смиреност, рамнотежа, леснотија и сочувство во нас и околу нас. ❤️

Со радост ве очекувам,
Каролина Јакимовска, м-р на филозофски науки, дипл. проф. по филозофија и етика, холистички коуч, Relax Kids тренер, јога инструктор, енерготерапевт

сабота, 09.11.24 | 10:00 – 12:00h | Радувај се! Lifestyle, ул. Загребска 28б, лок. бр.9, нас. Капиштец

raduvajse@gmail.com | raduvajse.com