Како телото комуницира преку сензациите

💜 Телото комуницира со нас преку сензациите – и пријатните, и непријатните. И двата типа на сензации се корисни информации. 💜

✨️ Болните сензации се КОРИСНИ информации. Преку нив нашите тела нè предупредуваат за физичка и емоционална опасност. Тие ни укажуваат на тоа кога нашите лични граници се прекршени/поминати, како и на несвесните потсетувања на непријатните настани од минатото. Тие можат да ни помогнат подобро да сфатиме дека се чувствуваме загрижени или вознемирени, дека ни е потребен одмор, дека треба да направиме пауза…

✨️ Но, тука лежи и тајната што повеќето луѓе не ја знаат:

понекогаш, сензациите што се манифестираат се точен одраз на реалноста. Друг пат, пак, тие не се точен одраз на реалноста. Телото може да доживее болни сензации кога мозокот ВЕРУВА дека сте во физичка или емоционална опасност, дури и ако тоа не е случај.

✨️ Ова е причината зошто слушањето на сензациите на телото е ТОЛКУ ВАЖНО. Кога го слушаме телото, можеме и да идентификуваме што е пораката. И ако фактите на мозокот за тоа во колкава опасност сме во моментот се покажат како погрешни, можеме да му дадеме нови конструктивни, поддржувачки информации, како на пр. дека сè е во ред, дека сме безбедни, сигурни, заштитени…
.
.
.
.
.

#СакамЈогаЧасови #ЈогаЗаСите #ВежбиЗаТело #ВежбиЗаУм #ВежбиЗаДишење #Баланс #Релаксација #Спокојство #Опуштање #Задоволство #Среќа #МенталнотоЗдравјееВажно #ВнатрешенМир #ГрижаЗаСебе #ЉубовКонСебе