Сочувство со себе

Истражувачите откриле дека колку повисоки резултати имаме на скалата за сочувство со себе – толку повисоки се нашите нивоа на среќа, оптимизам, ценење на сопственото тело; толку повисока е нашата мотивација и имаме поздрави физиолошки одговори на стрес.

Сочувството со себе не е само неважна тема што треба да се игнорира. Тоа е научно издржана стратегија која во себе содржи поттик за промена на физиолошкиот одговор на вашето тело кон стресот. А доколку искусувате хронични симптоми, речиси и не можете да си дозволите да го игнорирате самиот чин на сочувствување со себе.

Преку овие знаења се надеваме дека ќе најдете начини како да бидете посочувствителни кон себе. Едноставен начин е да започнете со вежбање на следниот мини предизвик:

Доколку неделава забележите дека ви е тешко, запрете со она што го правите, ставете ја дланката на вашето срце и повторете: “Ова е навистина тешко во моментов, јас сум тука за тебе”.

~ Радувај се! Lifestyle