Разговорот со себе со љубезност и сочувство ја смирува амигдалата – делот од мозокот кој е одговорен за согледување на опасност и влегување во режим на борба или бегство.
Овој дел од мозокот игра и улога на многу ефикасен алармен систем кој е задолжен и за испраќање сигнали за болка со цел да се привлече внимание.
Кога зборувате со себе од позиција на критика и страв, дополнително ја зголемувате перцепцијата за опасност во мозокот, зголемувајќи ги и болката и симптомите.
Исто така, самата болка и симптомите се заглавени во еден вид на јамка.
Безбедносните пораки (позитивни афирмации, конструктивни реченици, убави зборови…) помагаат да се поместат мозокот и телото од позиција на борба или бегство, намалувајќи ја болката и на крајот, со текот на времето, создавајќи нови нервни патишта кои ве извлекуваат од јамката на болка-страв.
Затоа разговарајте со себе како со пријател или близок. Вие го заслужувате тоа, а вашиот мозок и вашето тело ќе ви се заблагодарат.
~ Радувај се! Lifestyle