Вториот столб во јога практиката е “пранајама”. Пранајама значи свесно и волево управување со здивот. При вдишување не го преземаме само кислородот, но и прана, животната енергија, снагата на универзумот која создава, штити и раствора. Таа е основен елемент на животот и свеста. Прана се наоѓа и во храната, па затоа е важно да се користат здрави и квалитетни намирници.
Свесното насочување на прана во телото доведува до пораст на виталноста, го ослободува телото од отрови, ја зголемува отпорноста и создава внатрешен мир, опуштеност и ментална бистрина.

Во јога постои изреката дека на секое битие однапред му се дадени одреден број на вдишувања и издишувања. За да ги искористи на најдобар начин, јогинот настојува преку продолжување и задржување на здивот да “заштеди” време и на тој начин да го продолжи својот живот.
Ефекти од практикување пранајама:
На физичкото тело:
🔸️го одржува физичкото здравје
🔸️ја прочистува крвта и ја зголемува апсорпцијата на кислород
🔸️ги јакне белите дробови и срцето и го нормализира крвниот притисок
🔸️ја стабилизира и ускладува работата на нервниот систем
🔸️го забрзува процесот на лекување и оздравување
🔸️ја зголемува отпорноста на инфекции
На психата:
🔸️отстранува стрес, нервоза и потиштеност
🔸️ги смирува мислите и емоциите
🔸️донесува внатрешна рамнотежа
🔸️ги отстранува енергетските блокади
На духот:
🔸️ја продлабочува медитацијата
🔸️ги прочистува и ги буди чакрите (енергетските центри)
🔸️ја проширува свеста
~ Радувај се! Lifestyle