Тоа си ТИ

Луѓето не те гледаат онаков/онаква каков/каква што си. Тие те гледаат преку призмата на сопствената историја, сопствените болки и рани, своите верувања и расположенија.

Една личност ќе се чувствува безбедно во друштво на твојата искреност, додека
друга ќе се чувствува загрозена од неа.
Иста особина. Различна перспектива.

Без разлика како ќе се пројавиш во животот, некој ќе те сфати, а некој не.

Самите особини што прават една личност да те цени можат да бидат особини што го иритираат некого друг.

Можеш да бидеш љубезен/љубезна, а сепак да бидеш погрешно разбран/разбрана. Можеш да бидеш искрен/а, а сепак да бидеш осудуван/а.

Верзијата за тебе во умот на една личност е сосема различна од верзијата за тебе во умот на друга личност. И заради сето ова треба да престанеш да ги сфаќаш работите лично и треба да престанеш да се обидуваш да бидеш сакан/а од сите – бидејќи тоа е исцрпувачки и искрено – невозможно.

Наместо тоа, фокусирај се да бидеш во мир со себе и да прифатиш дека нема да бидеш разбран/а од сите.

~ Радувај се Lifestyle