Со јога – до подобро расположение

Со јога до подобро расположение

Она што го прави нашиот живот величествен е чувството на целосност или Едност. Се чувствуваме комплетни,  ослободени, мирни, со тишина и спокој зачекорувајќи во сè наредно. Умот е насочен и прецизен и лесно ги наслушнува пораките на срцето. Неговата единствена задача е да ги пренесе тие пораки на површина – ништо повеќе. Може да се каже дека во состојба на целосност, умот и срцето се верни соработници.

Според јога традицијата – се раѓаме целосни, поврзани сме со сè околу нас и со сè во нас. Нема дуалност меѓу надворешниот и внатрешниот свет, нема дуалност меѓу умот и срцето, нема дисбаланс во емоциите, не постои отуѓување – од Себе и од Сè.

Под влијание на животните искуства целосноста која ја наследуваме доживува промени. Се трансформираат емоциите, се појавуваат најразлични стравови, се јавуваат емоции на гнев, бес, нервоза – сите со најразличен интензитет. Се појавува физичка тензија, неможност да се заспие, се појавува депресија. Кога веќе ќе се појави болест во физичкото тело тоа е доволен знак дека се напуштила “зоната на целосноста” и дека се зачекорило во “зоната на фрагментарноста” – во која веќе не функционираме како Едно.

Сите овие расцепканости на Едното не можат да бидат обединети единствено по ментален, односно интелектуален пат.

Преку активирање и поттикнување на меѓусебно влијание меѓу физичкото, менталното (интелектуалното), емоционалното и духовното тело можат да се случат промени.

Во оваа фаза веќе настапува јогата. Мудроста која е вткаена во асаните (физичките вежби), пранајама (техниките на дишење) и медитацијата (техниките за стишување и балансирање на умот) помагаат во воспоставување на хармонија меѓу четирите тела.

Нашето тело реагира на нашите емоции. Колку потензични емоции – толку потензично тело, колку потензично тело – толку поизменет начин на функционирање на целиот наш физички систем.

Според јога филозофијата постојат две причини за постоењето на негативните емоции во нашиот систем. Првата причина се “кармичките јазли” кои се создаваат во телото како одговор на траумите или загубите кои се искусуваат во текот на животот. На некој начин тоа се непроцесирани емоции кои остануваат заглавени во телото. Преку асаните, односно физичките јога вежби, овие јазли се разбиваат при што се ослободуваат насобраните емоции и му се дозволува на телото да се ослободи и да доживее опуштеност. Втората причина е недостатокот на прана или животна енергија во системот. Под влијание на стрес, брзо живеење, умор има недостаток на енергија во целиот систем. Со техниките на дишење се поттикнува животната енергија и се создава состојба на ментална свесност и физичка опуштеност.

Техниките пак на медитација го смируваат умот и го доведуваат до состојба на сведок кој може будно да ги следи емоционалните и менталните шеми кои многу често се извор на непријатни искуства. Овој начин на свесно и будно следење на мислите и емоциите делува поттикнувачки во однос на креирање на поинакви реакции на животните случувања за разлика од оние на кои сме свикнале.

Сите кои вежбале јога се сведоци на подобрување на нивната психофизичка состојба. Јога вежбите се прочистувачи на емоционалните токсини насобрани во телото. Исто како што со промена на мислите може да се промени и состојбата во телото, така со менување на позициите на телото се менуваат и мислите и емоциите. Дури и после еден час вежбање можат да се почувствуваат благодетите на смиреност, баланс, фокусираност, психофизичка флексибилност, одмореност, радост.

Секако, еден час не е доволно да се случат промени, но со константно вежбање, до промени, секако се доаѓа.

 

автор: Радувај се!

 

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s